(ВИДЕО) Стојаноска: Решение за Русино и безусловна забрана на увоз на опасен отпад

Од:

Носителката на кандидатската листа за изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Дафина Стојаноска на последниот ден од предизборната кампања ја посетија регионалната депонија Русино. Оттаму испрати порака дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложува во заштита на животна средина и решавање на проблемите со управувањето со отпадот.

Таа напомена дека депонијата Русино претставува голем ризик по здравјето на луѓето и животната средина, нарекувајќи ја потенцијалниот Чернобил во Гостивар и пошироко.

– Во нашата програма „Обнова на Македонија“, една од шесте стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина и затоа најавувам дека итно ќе се зафатиме за решавање на прашањето на нерегулираните депонии, каква што е Русино. Во првите 100 дена од формирањето на владата ќе следи и безусловна забрана на увоз на опасен отпад. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад. Таа предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и биогориво, а сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалната самоуправа, рече Стојаноска.

Таа ги обвини политичките опоненти за дадените ветувања на протестите дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, но како што нагласи, ништо друго не направиле изминативе три години. Стојаноска нагласи дека во време кога со државата управувала ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедуваа средства за животната средина и наброја неколку проекти како: пречистителната станица за питка вода во Гостивар, вложување од1.200.000 евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце.

За проблемот со управувањето со отпадот во гостиварско и лошата состојба на оваа локација, таа го наведе човечкиот фактор и притоа најави решение.

– Единствен начин да се реши проблемот со Русино, е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме, да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. За ова е потребно поголемо залагање на централната власт, министерство за животна средина локалните власти. ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела ИЕ6, туку активно и итно ќе се заземе за изнаоѓање решение. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа доаѓа од 15-ти јули, истакна Стојаноска.

На последниот ден од изборната кампања, Стојаноска ќе оствари средби и со жителите на селата Здуње, Врапчиште и Зубовце.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он