Спасовски од Куманово: За сигурноста, своја и на семејството излезете на гласање

Од:

Носителот во ИЕ2, Оливер Спасовски денес е на средби во Куманово и околните населени места.

Тој пред граѓаните потенцираше колку многу може да се сработи за 3 години доколку се има посветеност и желба да се работи за граѓаните.

„Можевме и ние да правиме само кампањи и гола пропаганда како режимот но од тоа не се живее подобро, а и ќе немавме време да сработиме се што е сработено.

Ја вративме земјата на прав пат, ги решивме најтешките прашања, влеговме во НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Го решивме прашањето на над 12.000 стечајни работници кои режимот ги понижуваше, тие денес земаат по 8.000 денари, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, просечната плата од 22.300 на 27.500, ја покачивме за 300% социјалната помош и во најголем дел од секторите во државата ја покачувавме платата во неколку наврати.

Проектот враќање на парите кај граѓаните секојдневно дава резултати и по многу основи парите се слеваат повторно кај граѓаните.

„Му смееја на повратот на ДДВ, а денес нема граѓанин кој не скенира и не го дополнува домашниот буџет со повратот на ДДВ-то. Во следниот период го покачуваме и месечниот лимит од 600 на 800 денари за уште повеќе пари кај граѓаните.

СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници“, рече Спасовски.

Тој за новиот четиригодишен мандат вети дека ќе биде целосно посветен на економско унапредување на државата, мандат на сигурност и просперитет.

„Најавуваме и минимална плата до 20.000 денари, просечна плата до 34.000 денари до крајот на мандатот, 600 милиони евра поддршка на домашните и странските претпријатија, 1 милијарда евра странски инвестиции. Тоа ќе го зголеми животниот стандард.

Најавуваме натамошна одговорна грижа за здравјето на граѓаните и за нивната егзистенција дома и на работните места, како и поддршка на бизнисите и економијата во услови на светската здравствена криза.

Затоа на 15 јули излезете на гласање и гласајте за СДСМ и за сигурност. Не смееме да си дозволиме Влада на ВМРО-ДПМНЕ којашто носи опасност“, порача Спасовски од средбите со граѓаните во Куманово, изразувајќи уверување дека граѓаните ќе изберат да продолжат да живеат во фер, праведно и правично општество и дека обнова на режимот нема да има.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он