Носителот на кандидатската листа од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ Игор Јанушев, придружуван од Сашко Кедев и Игор Николов, на последниот ден од кампањата присуствуваше на трибина со здравствените работници во Штип.
Тој информира дека со медицинскиот персонал разговарал за проблемите со кои се соочуваат последните неколку години и ја претставиле изборната програма што ја нуди ВМРО-ДПМНЕво делот на здравството.
– Впрочем лекарите ја даваат поддршката на она што следи со обновата во здравството. Она што имам да им го порачам на Штипјани и на сите граѓани е луѓе кренете ги главите, исправете ја кичмата, ставете ги насмевките на вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите четири години во историјата на државата, рече Јанушев.