Во последните 24 часа во Австралија се потврдени 279 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 273 во државата Викторија, објави „Гардијан“.
Меѓу новите пациенти, петмина живеат во Нов Јужен Велс, а двајца од нив се ставени во карантин во хотел. Локално пренесување на вирусот е забележано во три случаи.
Во Австралија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле над 9.700 луѓе, повеќе од 100 починале, а околу 7.700 оздравеле.
Во моментов има 67 лица во болница од кои 17 пациенти се на респиратори.