Жешко и напнато во Собранието

Од:

Жешко надвор, но жешко и напнато е и во собраниската сала.

Опозицијата и власта никако да најдат заеднички јазик. Незавршени седници, многи извештаи со отчет на институции и барања за информации или законски предлози од опозицијата ,сето ова само ја зголемува нервозата.

За опозицијата е несфатлив укорот од спикерот од Велјаноски дека се кочничари на работата на законодавниот дом со многуте предложени закони, за опозицијата Велјаноски е само марионета на Груевски, а тие ќе продолжат да предлагаат закони кои се, велат, за подобрување на живеачката на граѓаните.

Најавија нов пакет закони, а Велјаноски се надева до одморите да ги заврши сите седници, меѓу нив и нова на која ќе се носат нови изборни правила, за кои опозицијата се уште не е информирана, но и дебата по информацијата за , како што стои во материјалот потпишан од СДСМ, НСДП, ЛП и ПЕИ и СЛ: „ Незаконското и расипничко трошење на пари за забеганиот проект Скопје 2014“.

Нервозата се зголемува и од барањата на опозицијата за паузи. ДПА бидејќи на Собранискиот канал не може да се слуша нивниот мајчин јазик, а СДСМ, како што велат поради однесувањето на Велјаноски.

Зијадин Села од ДПА, и сугерираше на колешката од ДУИ, потпретседателката на Собрание, Сузана салиу, од народниот правобранител, чиј извештај се разгледуваше, да побара заштита од дискриминација, бидејќи Велјаноски досега не и дал да претседава со собраниска седница, а тоа повеќе пати го прават Јакимовска и Макрадули.

Според најавите и според деловникот, август е месец за одмор за народните избраници.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски