Шекеринска од Ресен: „НАТО членството ми дава сила”

Од:

„Нашата НАТО влезница има преспанска адреса. Преспа е место каде што рековме – сакаме да бидеме во развиениот свет каде припаѓаме. Таа НАТО влезница значи сигурност”, рече носителката на кандидатската листа во ИЕ 5 од коалицијата “Можеме”, Радмила Шекеринска вечерва во Ресен.

„Паметиме која беше нивната максима – раздели за вечно да владееш. НАТО членството значи дека одлучуваме заедно со сите кои значат нешто во светот. НАТО е влезницата која ми дава сила. Армијата е НАТО Армија која може да помогне секогаш кога е тоа потребно”, истакна Шекеринска.

Шекеринска посочи дека “Преспанскиит договор даде уште една шанса која кажува дека кога ќе ги завршиме преговорите со ЕУ македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ”. “Тоа стана возможно затоа што не сме исти. Носевме решенија”, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ