Граѓаните вo Нови САД и денеска околу 18 часот почнаа да се собираат на Плоштадот Слобода за да протестираат против власта, четврти ден по ред.
Како што беше најавено, по говорот, тие од плоштадот ќе тргнат во протестна прошетка.
Повеќето од собраните носат заштитни маски, а организаторите и за денеска подготвија импровизиран мобилен систем за озвучување.
Собирот засега е мирен, јави агенцијата Бета.
Главните барања на демонстрантите во Нови Сад се оставки на директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Граѓаните бараат и оставка од Кризниот штаб, пренасочување на парите кон медицинските лица и враќање на работата на граѓаните отпуштени за време на пандемијата.
По инцидентите за време на протестите во средата, граѓаните во четвртокот одржаа мирни протести.
Синоќа околу илјада демонстранти се обидоа да го блокираат автопатот, но се откажаа затоа што полицијата постави кордон кај Качката клучка на самиот излез од автопатот и ги спречи да поминат. Сè мина без проблеми.