Кандидатот за пратеник во ИЕ3 од коалицијата „Можеме“, Љупчо Балкоски, ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да направат разлика.
„Демократизацијата во општеството е секојдневен предизвик. Од кого се нападите за воспоставувањето и зголемувањето на демократијата?
Од недемократи. Од недемократската ДПМНЕ, од раководствата кои ја водеа после лидерот Георгиевски и сеуште ја водат, кои се желни за режим и диктатура“, кажа Балкоски.
„Ако раководителите на партијата немаат демократска мисла, за човекови права и слободи, тие не можат да водат држава и тогаш државата е во опасност.
ВМРО – Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство се единствените партии со вмровска идеологија од партиите со десна ориентација.
Затоа, ги повикувам членовите на ВМРО во ДПМНЕ, кои ја имаат демократската основа, да гласаат за вистинските вмровски вредности во Коалицијата МОЖЕМЕ“, изјави Балкоски.