Полицијата не може да го пронајде Панчевски, за кого судот одреди притвор

Од:

Полицијата не го пронајде поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски во неговиот дом, откако велешкиот суд издаде наредба за негово приведување. Информацијата ја потврдуваат и од МВР, од каде велат дека нивни екипи работат на лоцирање.

„МВР постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе бидат создадени услови, ќе биде лоциран и приведен“, велат од МВР за „А1он“.

Инаку, Основниот суд во Велес му одреди триесетдневен притвор на Панчевски поради тоа што не се појавил на рочиште за главна расправа за предметот „АКМИС“.

Против Владимир Панчевски уште пред една година беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во кривичниот суд.

Судењето се одложува повеќе од 9 месеци и досега не е почната ни главната расправа.

На Панчевски треба да му суди велешкиот суд, за да се избегне евентуална пристрасност бидејќи тој претходно раководеше со кривичниот суд во Скопје.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он