Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се заробени во заложничка криза во пентекостална евангелистичка црква во Јоханесбург, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата соопшти дека во раните утрински часови добила пријава за ситуација со заложници во црква во близина на Јоханесбург и пукање.
Досега се уапсени 30 лица и одземени се 25 парчиња огнено оружје, но заложничката криза сè уште трае и тие на лице место преговараат со киднаперите.
Локална телевизија јави дека во црквата се заробени повеќе од 200 луѓе.