ОИК Куманово, Липково и Старо Нагоричане подготвени за спроведување на изборите

Од:

Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи. Pретседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски информираше дека 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите. Доверливиот изборен материјал е пристигнат, во моментов се врши интензивна дезинфекција на избирачките места која ќе се спроведува и за време и по завршувањето на гласањето.

Според податоците на ОИК Куманово, на 13 јули ќе гласаат 12 заболени од Ковид 19 и 19 лица во самоизолација. Гласањето ќе го спроведуваат два избирачки одбори составени од здравствени работници. На 14 јули пак, гласаат 189 болни и немоќни лица кои доставиле уредна и комплетна документација. Тој ден ќе гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ како и затвореници од затворот Куманово во Кшање.

Претседателот на ОИК – Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината, право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места. На 13 јули ќе гласаат шест лица заболени од Ковид 19 и во самоизолација. Во вторникот, на 14 јули ќе гласаат 330 болни и немоќни лица.

Од ОИК – Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК – Старо Нагоричане, Драган Јовановски информираше дека во општината на 13 јули ќе гласаат три лица заболени и во самоизолација, додека наредниот ден ќе гласаат 11 болни и немоќни лица.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он