Дафина Стојаноска, носителка на листата на кандидати за пратеници во ИЕ6 од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ од Тетово истакна дека во предизборната програма се обврзуваат на подобри економски политики.
– Се наоѓаме во ТИРЗ поточно пред фабриката Леар, која што сведочи за добрите економски политики на владите на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од ова изминативе три години СДС ја стави Македонија на најниското место по БДП во регионот, понатаму ја направи најразвиена стопанска гранак рекет и направи се странските бизнисмени да се заминуваат од оваа држава. Затоа ВМРО ДПМНЕ во програмата Обнова нуди враќање на рамниот данок од 8 проценти, продолжување со нула посто одданочување на реинвенстираната добивка, намалување на основицата за пресметка и уплата за придонеси за задолжително социјално осигурување, нула проценти одданочување за младите под 29 годишна возраст капитални инвестиции до 4 проценти од БДП и намалување на невработеноста под 10 проценти. Дефинитивно Македонија ќе биде вратена во топ 10 земји во светот во водење на бизнис. Ете тоа е она што нашата програма го нуди на која што ВМРО ДПМНЕ се обврзува со што навистина Македонија ќе се исправи, истакна Стојаноска.
Кандидатите за пратеници од шестата изборна единица од Коалицијата „Обнова за Македонија“ денеска ќе имаат средба со жителите на Сараќино.