ВМРО-Народна партија со поддршка за коалицијата „Можеме“

Од:

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка на коалицијата „Можеме“ и генералниот секретар Љупчо Балкоски кој е кандидат за пратеник во изборната единица број 3.

„Клучните елементи со кои идното парламентарно мнозинство ќе атакува кон реализирање на подобрите економски, демократски но и европски интегративни процеси ќе бидат токму во рацете на пратениците од коалицијата „Можеме“ во која свое учество има и ВМРО-Народна партија.

Полноправното членство во НАТО но и претстојното отпочнување на преговорите со ЕУ се доволен доказ дека Македонија е на правиот пат па сходно на тоа ВМРО-Народна партија го повикува своето членство, симпатизерите и пријателите со заокружување под реден број 3, да се вклучат во напорите Македонија да биде поперспективна, побогата и целосно интегрирана во Европското семејство“, велат од ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он