Генералниот директор на американскиот производител на електирчни автомобили „Тесла“, Илон Маск, го зазеде седмото место на најновата листа на милијардери на „Блумберг“.
Богатство на Маск вчера се зголеми за шест милијарди долари откако акциите на „Тесла“ забележаа раст од 10,8 отсто, така што една акција достигна рекордна вредност од 1.544 долари, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува 286,5 милијарди долари.
Маск е сопственик на 20,8 проценти од акциите на „Тесла“, а е главен акционер на приватната вселенска агенцја „Спејс икс“, како и на компанија за копање на тунели.
Маск сега е пред Ворен Бафет, чие лично богатство неделева се намали бидејќи тој во хуманитарни цели ги донираше акциите од една од неговите компании, во вредност од три милијарди долари. Тоа е дел од планот на Бафет да се откаже од поголемиот дел од имотот во филантропски цели.