Спасовски во Куманово: Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, ќе ја отфрлат опасноста од обновен режим и ќе изберат сигурност

Од:

Носиме голема одлука на 15 јули, да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации. Ние сме на потег, порача носителот на листа во ИЕ 2, од коалицијата предводена од СДСМ Оливер Спасовски на средбите во Куманово.

– СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници“, додаде Спасовски.

Тој потсети дека Куманово 11 години било казнувано од режимската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму граѓаните секогаш за прогресивни идеи, наместо режим, поради што, градот не добил ни денар од централната власт.

– На 15 јули граѓаните на Куманово повторно ќе гласаат за фер општество наместо за обнова на криминалот и режимот, а тоа ќе се случи и низ целата држава. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за сите, ќе ја отфрлат опасноста од обновен режим и ќе гласаат за сигурност, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он