Комисијата за помилување при Претседателот на Украина не гледа причина да поднесе предлог за помилување на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, соопшти прес-службата на претседателот.
Комисијата одлучи дека прашањето за помилување на поранешниот премиер е предвремено бидејќи „истрагата против Тимошенко за извршување на тешки и особено тешки злосторства се уште не е завршена и судот не постапил по нив“.
Комисијата исто така зела предвид дека Тимошенко „отслужила само незначителен дел од казната“ – седум години лишување од слобода во случајот за злоупотреба на службената положба во врска со склучениот договор за гас со Русија.