ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Од:

Обединетата македонска дијаспора изрази длабоко разочарување поради одлуката каде што цариградската Света Софија ќе биде претворена во џамија по турската судска наредба дека неверојатното светско архитектонско чудо заштитено од УНЕСКО не требало да биде музеј.

„ОМД им се придружува на многу лидери и меѓународни организации, вклучително и државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, Европската унија и УНЕСКО во осудата на оваа одлука. Како пријател на турскиот народ, ОМД се надева дека раководството на Турција ќе ја промени оваа контрапродуктивна одлука и ќе го задржи нејзиниот музејски статус“, соопштува ОМД.

„Света Софија, место за наследство на УНЕСКО со големо значење за Македонците и православните христијани ширум светот, е изградена во 6 век од н.е. од страна на Јустинијан Велики, кој бил роден во близина на денешниот главен град на Македонија, Скопје. Црква на почетокот, таа стана симбол и икона за еден милениум на Византиската империја и на православниот христијански свет, пред преземањето на тогашниот Цариград од страна на Османлиската империја, кога ја претвори Света Софија во џамија. Во 1934 година, под раководство на Мустафа Кемал Ататурк, роден во Солун, Македонија, Света Софија беше прогласена за музеј, дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО и стана главна туристичка атракција на Турција“, велат од ОМД.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

Сирискиот град Скалбија гради симболична Аја Софија

А1он