Заев – Јан Коп: Примарен фокус на новата влада предводена од СДСМ ќе бидат правдата и владеење на правото

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска се сретна со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп при што разговарале за процесот на подготовка на изборниот процес за парламентарните избори закажани за 15 јули, процесот на интеграција на земјата во ЕУ, како и состојбата со коронавирусот.

Како што соопштија од СДСМ, Заев посочи дека државата досега покажа напредок во процесот на организирање избори во последните три години и затоа со право очекува изборите на 15 јули да бидат фер, слободни и по сите меѓународни стандарди, а од друга страна институциите ги преземаат сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните при процесот на гласање.

Пред амбасадорот, претседателот Заев, се посочува, ги претстави и приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ, по победата на изборите на 15 јули, додавајќи дека правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ.

– Почетокот на преговорите со Унијата го очекуваме до крајот на годината, за време на германското претседателство и затоа бараме поддршка и од Холандија и од сите земји членки на ЕУ. Во следниот мандат продолжуваме уште повеќе да вложуваме во закрепнување на економијата и зајакнување на здравствениот систем – основните предуслови за успешно справување со последиците од коронавирусот. На тој начин обезбедуваме континуитет на досегашните успеси. Продолжуваме да градиме стабилна држава која продолжува на патот кон членство во ЕУ, порача Заев, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел