Јанакиески: Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ тече според планираното

Од:

Со изградба на фекалната канализација за прифаќање и третман на отпадните води во општина Илинден трајно ќе се реши проблемот за над 1.000 жители, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

При денешната посета на општина Илинден и населеното место Кадино каде што се гради фекална канализација, Јанакиески потсети дека секое семејство месечно издвојувало од 1.000 до 2.000 денари за празнење на септичките јами.

– Претходно жителите имаа септички јами и секое семејство мораше месечно да издвојува меѓу 1.000 и 2.000 денари за празнење на тие септички јами. Значи покрај тоа што ќе се реши проблемот со канализацијата семејствата ќе имат заштеда од околу 2.000 денари, рече Јанакиески.

Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, додаде тој, тече според предвидената динамика, а се реализира со средствата кои ги доби Владата од Европската инвестициска банка. Во негови рамки завршени завршени се шест проекти, а на 24 локации во 24 општини низ државата се одвиваат градежни работи.

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски информира дека изградбата на канализациската мрежа во населеното место Кадино е во должина од 4.000 метри и пречистителната станица е со капацитет за 1.250 еквивалент жители.

– Целта е да го реализираме проектот заради подобрување на условите за живеење на граѓаните, изјави Стојановски.

Проектот за изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води содржи канализациски систем со пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители. Градежните активности треба да завршат до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“