Конститутивна седница на Општинскиот совет на Струга

Од:

Советот на Општина Струга денеска ја одржа конститутивната седница на која беа верифицирани мандатите на новоизбраните советници.

Седницата ја водеше највозрасниот член на Советот, Мустафа Забзун од Демократската партија на Албанците, од чии редови е и новиот градоначалник на општината, Зијадин Села.

– Денеска сите членови на советот дадовме свечена заклетва дека ќе работиме во интерес на овој град, во согласност со сите правила и услови што се пропишуваат со закон. Си посакавме успешна работа, изјави Забзун.

Новиот Совет на Општина Струга се состои од 27 членови од кои единаесет припаѓаат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ „Заедно за Струга“, по седум члена имаат ДПА и ДУИ, а еден советник е од редовите на НДП.

На денешната седница им беа верифицирани мандатите на 25 советници, а поради остуство останатите двајца кои беа отсутни денеска ќе потпишат свечена изјава и ќе им биде верифициран четиригодишниот мандат на некоја од наредните седници.

Пред два дена, Општинската изборна комисија му го врачи и уверението на новиот градоначалник Села, со што, тој и официјално седна на градоначалничката фотелја.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“