Носителот на листата со кандидати за пратеници во ИЕ6 од политичката партија Демократи, Изет Зејнеловиќ, заедно со останатите кандидати за пратеници, во Тетово на граѓаните им ја претстави визијата на партијата за раководење со државните инсттуции.
– Демократи ќе забранат партиски вработувања, ќе дозволиме само професионалци да ја водат државата и народот да управува со својата држава. Демократи нема да владеат, туку ќе менаџираат со државата и затоа ќе правиме ревизија во сите институции во државата, истакна Зејнеловиќ.
Тој истакна дека 15 – ти јули е последна шанса и нема веќе време за други грешки.
-Ние веќе не смееме да гласаме за СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните приврзници. Тие го кажаа своето, нема понуда од стари политичари. Гледајте што се случува со нас, Југохром, Тетекс, Неметали, Медицинска пластика, ШИК Јелак и ред други, сите до еден гиганти, 30 илјади вработени кои што од овие фирми ги хранеа своите семејства. На сите овие фабрики стојат големи катинци на капиите,додека нашите деца се по белиот свет. Глејдате ги препукувањата на овие две партии, кажуваат едните за другите кој колку милиони украл. И ништо, никој не одговарал, никој не е притворен. Се додека имаме партизирано судство вака ќе биде и ќе тонеме, се додека не нема нас, истакна Зејнеловиќ.
Кандидатите за пратеници предводени од Зејноловиќ го посетија и Здружението на пензионери во Тетово.