„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска во МКЦ

Од:

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Ерос и Танатос“ на Весна Ничевска, на која академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела.

Тие имаат фигуративна, но и експресивна содржина и се изработени во различни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

– Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно…, наведува МКЦ за самостојната изложба „Ерос и Танатос“ која ќе може да се посети до 20 јули.

МКЦ информира дека настанот ќе биде реализиран по соодветниот протокол и со почитување на препорачаните мерки за заштита од вирусот КОВИД-19.
Авторката на изложбата Весна Ничевска (1977, Скопје) дипломирала во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, нејзини дела се објавувани во повеќе стрип-ревии и илустрирала голем број приказни за деца.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска