Нема притвор за возачот на „Тото“- платил кауција

Од:

Возачот на туристичката агенција „Тото“ платил кауција и ќе може да се брани од слобода во судскиот процес што му претстои во кој ќе одговара за предизвикување сообраќајна несреќа со повредени.

Тој имал првичен исказ пред полицијата во Будимпешта и со гаранција ветил дека ќе се појави на судењето. За кривичната пријава се известени македонските власти во Скопје преку записникот на тамошната полиција.

Инаку тројцата посериозно повредени патници ќе останат една до две седмици на лекување во болница. Дел од другите патници продолжиле кон Прага со друг автобус на „Тото“, а дел се пристигнати во Македонија со приватни возила.

Причината за излетувањето се уште не е утврдена, но според унгарските медиуми, вината е кај возачот затоа што, претпоставуваат, дека заспал.

A.A.

Би можело да ве интересира

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат