Во последното деноноќие нови 120 починати од коронавирус на Флорида

Од:

Американската сојузна држава Флорида регистрираше 120 починати од Ковид-19 во последните 24 часа што е рекорден дневен биланс од почетокот на пандемијата. Во државата е забележан и друг рекорд – во текот на денот речиси 21 процент од тестираните биле позитивни.

Здравствените експерти во САД велат дека бројот на нови позитивни случаи треба да биде околу пет проценти за да се прогласи дека вирусот е ставен под контрола. Државата стана ново жариште со над 9.000 нови случаи секој ден во изминатиот период, и со вкупно 232.718 случаи досега. Овој месец регистрирани се околу 277 хоспитализации на дневно ниво, а капацитетите постепено се пополнуваат, соопштија американските власти.

Во саботата, за време на националниот празник- Денот на независноста, за еден ден беа регистрирани рекорден број од 11.458 новозаразени.

Во моментот, најзагрозен е округот Дејд со речиси 54.000 случаи и над илјада починати. Во повеќе градови во државата властите повторно ги затвораат плажите, парковите и рестораните по нивното отварање во мај. Во сојузната држава од коронавирус досега починале околу 4.009 лица.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот