Помпео: САД и ЕУ преговараат за повторно воспоставување на взаемните патувања

Од:

Вашингтон и Брисел водат сложени разговори за повторно воспоставување на патувањата меѓу САД и ЕУ, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео во телефонски брифинг за новинарите. Тој истакна дека разговорите се во доменот на тоа како најдобро да се постапи од научен и епидемиолошки аспект за да се намали ризикот од ширење на пандемијата.

„Постои длабока потреба и желба да се отвори глобалната економија, луѓето да можат слободно да се качат на авион и да патуваат, за туризам или бизнис“, истакна Помпео.

Тој додде дека во разговорите со ЕУ, од американска страна вклучено е Министерството за транспорт, кое планира брзо, на најсигурен и најбезбеден начин да воспостави повторна можност за патувања на граѓаните од САД и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија