Охридско лето се предомисли, Жељко Јоксимовиќ нема да има концерт

Од:

Концертот на српскиот пејач Жељко Јоксимовќ кој беше предвиден во програмата за Охридско лето, продолжува да ја бранува јавноста.

Откако концертот наиде на бројни критики, директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, вчера за „А1он“ изјави дека концертот сепак ќе се случи.

Поповиќ денеска во нова изјава за „А1он“ вели дека концертот на Јоксимовиќ бил дел од работната верзија на програмата за Охридско лето и дека тој нема да биде дел од програмата. Поповиќ тврди дека  биле направени само првични преговори и дека не бил потпишан договорот.

„Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал, нацрт-верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија, искажувајќи револт и бес, без притоа да ја пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија, а се врвни уметнички имиња“, изјави Поповиќ.

Таа најавува дека јавноста за брзо време ќе биде известена кои музички имиња и театарски претстави ќе го одбележат Охридско лето 2020 година.

„Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот. Повторувам преговорите беа Јоксимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот“, вели Поповиќ.

Според неа, негативните коментари на социјалните мрежи биле само лично незадоволство на оние кои коментирале.

„Концертот насловен како „Два света“ со симфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија, за познавачите на уметноста има вредност“, вели Поповиќ.

Таа изрази жалење што Охридско лето изминативе денови беше сцена на разни препукувања.

„Во време кога големи светски фестивали поради Ковид 19 се откажуваат, успеавме да направиме програма со која ја продолжуваме успешната традиција на Охридско лето. Ќе направиме се нашата најпрестижна манифестација и оваа година да биде сцена за најуспешните и најдобрите секако почитувајќи ги препораките добиени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и насоките на Министерството за култура“, истакна Поповиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on