Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска се сретна со кинеските претставници за време на својата прва официјална посета на Кина.
Ештон се сретна со шефот на кинеската дипломатија Ванг Џи и со министерот за одбрана Чанг Ванкван.
Се очекуа Ештон во Пекинг да разговара за светските прашања, вклучително Иран, Сирија, Северна Кореја и Авганистан.
ЕУ и Кина се големи трговски партнери, но понекогаш избиваат спорови за пристап до пазарот.
Ештон од Кина ќе отпатува за Монголија, каде е предвидено потпишување на договор за партнерство и соработка.