Во паркот на Младинскиот културен центар утре и задутре ќе се одржат бесплатни филмски проекции со почеток од 21 часот.
Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.
На репертоарот утре е THE HOUSE THAT JACK BUILT во режија на Ларс фон Трир, а в сабота на 11 јули ќе биде проекцијата на YOU WERE NEVER REALLY HERE на режисерот Лин Ремзи.