Шекеринска од Ростуше: На 15 jули одлучуваме дали ќе продолжиме во петта брзина или ќе ставиме рикверц

Од:

Работевме овие двеипол години не за да се пофалиме туку за да сработиме. Овие двеипол години секој месец, секој ден, на секоја седница на Собрание, на секоја дебата што ја имавме велеа џабе се радувате, тоа што го највувате нема да се случи. Ниту ќе станеме членка на НАТО ниту ќе ги почнете преговорите со ЕУ, рече потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера на трибина во Ростуше.

„Денес ние сите илјадници граѓани низ државава можат да си кажат бевме на вистинската страна и успеавме со вашата доверба и нашата заедничка работа да кажеме за оваа држава 2 – 0 напишавме оваа година. Членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

На 15 Јули и за тоа одлучуваме дали ќе продолжиме во петта брзина или ќе ставиме рикверц. Дали ќе ја искористиме оваа шанса и сега како членка на НАТО ќе ги почнеме преговорите, ќе ги водиме со компетенција, ќе ги водиме професионално и ќе ги завршиме во најкус можен рок или повторно ќе се скараат со сите и ќе не остават на следниот ќорсокак“, кажа Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он