Водостојот на Црн Дрим денеска е намален за 61 сантиметар во однос на вчера, покажуваат денешните мерења направени од Управата за хидрометеролошки работи.
Според овие мерења, нивото на Црн Дрим денеска е 63 сантиметри за разлика од вчера кога изнесувало 124 сантиметри.
Пад на нивото има и кај Вардар и тоа од 12 сантиметри кај Демир Капија и од 10 сантиметри кај Јегуновце. За 10 сантиметри е зголеменото нивото на Вардар кај Велес.
Непроменето е нивото на реките Струмица и Радика.
Кај езерата нема промени. Под просекот за јули се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, а над нивото на Дојранското Езеро.
Мерењата на УХРМ покажуваат дека температурата на водата во Охридското Езеро е 20 степени, на Преспанското 18, а на Дојранското Езеро 25,2 степени.