Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во опозиција за да се самообноват, гласајте за сигурна иднина

Од:

Граѓаните да излезат да гласаат јасно истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ,порача синоќа на средба со жители во Чаир, носителот на листа на коалицијата „Можеле“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

На 15. јули, наведе Спасовски, изборот е едноставен: Не за опасниот режим кој краде и меѓународно изолира и за национализмот што враќа назад, Да за сигурна иднина, пари кај граѓаните, Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Ова се многу важни избори, за сигурна иднина и брза развојна еконономија, за уште повеќе пари кај граѓаните и безбедна иднина – гласаме за број 3 на 15. јули, рече Спасовски.

Според него, Општина Чаир покажува како се живее во едно општество за сите, како што рече, концепт што граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, други, денес го градат во целата држава успешно, како и дека земјата продолжува по правиот евроатлантски пат, наместо изолирана и во поделби што ги правеше режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Само политичари кои се грижат за сите, укажа тој, може да донесат добро и на Чаир и на оваа држава. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не е решение затоа што мисли само на себе, крадат, рушат се закануваат за државна помош, плати, пензии, граѓаните ги оставија во руини и во кал, додека тие крадеа за своите џебови и за нивната бела палата. Ни национализмот на ДУИ не е решение, бидејки искусивме дека националистичките политики не носат ништо добро на државата. ДУИ реши да оди на овие избори со национализам, бидејки нема што да им понуди на граѓаните, безидејни се после 17 години власт. Затоа е најдобро и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да останат во опозиција, да се самообноват и на следните избори, ако успеат да се реформираат, можеби ќе имаат шанси кај граѓаните, порача Спасовски.

Оцени дека политиките на градење мостови што ги отвориле перспективите во НАТО и ЕУ и со што е осигурана државата отвораат пат во наредниот период да се посветиме уште повеќе на силен економски развој.

-Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните четири години ќе отвориме 80 проценту од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна: СДСМ и коалицијата Можеме нуди луѓе кои земјата ја однесоа на прав пат, да продолжиме по овој пат, а ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски…, кои нудат обнова на режимот, рече Спасовски.

Како што дополни, со водството на СДСМ и коалицијата „Можеме“ продолжува концептот за повеќе пари кај граѓаните и за поголем економски стандард на сите.

– Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120 проценту повеќе од деветте илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Со тоа платите во сите сектори ќе продолжат да растат. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и ќе има постојан раст и во следните четири години. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега. Донесовме три пакети мерки за поддршка на економијата, за спас на работните места и јакнење на приватната потрошувачка, а најавуваме и четврти сет мерки. ВМРО-ДПМНЕ гледаше само како да украде пари од граѓаните, наведе Спасовски.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он