Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, во својот говор за време на митингот во Кичево, упати апел останатото време до изборите да се искористи максимално, да се убедат граѓаните да излезат на гласање.
Тој рече дека треба да се искористи секој момент „да се затропа на совеста на граѓаните да се поканат да ни се придружат на нац, нашите партии, нашите поддржувачи и многу Албанци кои го сакаат доброто на Албанците, заедно да направиме пресврт за Албанците во Северна Македонија, големата победа на 15 јули“.
„Првата група на која денес сакам да се обратам од Кичево е индиферентна група на луѓе и кои сè уште се прашуваат дали да излезат на гласање или не. Ве молиме, браќа и сестри, ако имате малку желба да ја видите ова земја напредната , ве молиме излезете на 15 јули и поддржете нè. Запомнете дека претпоставките и индиферентноста во ова време се непријател на промените. Ако не излезете да гласате, ќе не спречите да направиме разлика, додека ќе му помогнете на сторителот да продолжи со деградацијата на секоја вредност што ја прави 18 години по ред“, рече Гаши.