Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на партиската изборна листа во изборната единица 2, Владо Мисајловски, денеска ја посети општина Шуто Оризари, каде што оствари средби со пензионерите и граѓаните на Шуто Оризари.
– Денеска сум повторно во Шуто Оризари каде што се сретнавме со многу граѓани, имавме одлична средба со пензионерите каде што разговаравме за проектот обнова а се разбира и за зголемвање на пензиите на секој пензионер, тие побаараа и доста работи каде што надлежна е и локалната самоуправа која за жал ништо не прави за сите повозрасни луѓе- нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека и по завршувањето на овие избори ќе продолжи со средби со граѓаните на Шуто Оризари.
-Затоа, ги охрабривме по завршување и победата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме да се гледаме со сите граѓани, исто така и со повозрасните лица, за да им дадеме сигурност и доверба дека и локалните проблеми ќе ги
решаваме, бидејќи потоа следат и локални избори, додаде Мисајловски.