Алонсо се врати во Рено

Од:

Фернандо Алонсо стана пилот на Рено, објавено е на официјалната веб-страница на тимот од Формула 1.

Во известувањето стои дека Шпанецот ќе стане партнер на Естебан Окон во сезоната 2021 година.

Во медиумите има информации дека Алонсо потпиша договор на две години со можност за обновување за уште една година.

Триесет и осумгодишниот Фернандо Алонсо претходно беше пилот на Рено од 2003 до 2006 година и од 2008 до 2009 година.

Настапуваше и со Минарди, Рено, Мекларен, Ферари и Хонда. Шпанецот е двократен светски шампион (2005 и 2006 година).

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес