(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги потценуваат граѓаните, немаат концепт и нудат само обнова на режимот

Од:

„Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ.

Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата Програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени.

Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат во суштина не е ништо освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања.

ВМРО-ДПМНЕ денес ветува 20.000 евра грантови за млади земјоделци, ветува решавање на долговите на општините, ветува ратификација на Истанбулската конвенција, а сите овие работи се веќе завршени од Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ.

Уште еден од многуте докази дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните е нивното ветување за нови концесии за рудници. СДСМ и граѓаните со години се бореа да нема опасни рудници, а ВМРО-ДПМНЕ денес пак ги ветува рудниците на смртта.

За ВМРО-ДПМНЕ профитот е секогаш пред здравјето на граѓаните, пред заштитата на животната средина.

Најлицемерното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нивната таканаречена Обнова е ветувањето за нулта толеранција за корупција и ветувањето за владеење на правото.

Денес, нулта толеранција нуди Мицкоски кои секојдневно кршеше мерки и забрани за заштита од коронавирусот, нуди Игор за кого слушаме како ќе тепал жени ќе убивал луѓе. Владеење на правото нудат Милошоски кој бега од судски доставувачи и Игор Дурловски кој предводеше толпа спремна да убие на 27 април во Собранието.

Тоа е нечесна, неискрена и несериозна понуда, тоа е понуда за обнова на режимот.

Граѓаните на 15 јули ќе ја дадат вистинската оцена за оваа понуда, за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ.

На 15 јули граѓаните масовно ќе застанат зад СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ќе му испорачаат нов пораз на незрелиот Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он