Во сударот кој се случи околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк најмалку две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени кога два воза се судрија во северозападниот дел на Чешка.
Сударот на возовите се случил недалеку од чешко-германската граница, изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи. Според информациите, двата воза се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенштад во германската покраина Саксонија.
At least three people killed and more than 30 have been injured after two passenger trains collided near #Pernink in the Czech Republic.
Footage of rescue services near the scene of the collision.pic.twitter.com/0IpIwpGYOZ— Shark NewsWires (@SharkNewsWires) July 7, 2020
Во несреќата повредени се државјани од двете земји, пренесе Ројтерс.