Масовен протест се случува вечерва во Белград, откако претседателот Александар Вучиќ објави драстично заострување на мерките против ширењето на коронавирусот.
Пред Парламентот се собрани неколку илјади граѓани, кои скандираат „Србија стана“ и „Уапсете го Вучиќ“. Демонстрантите фрлаа запалени факели, а во еден момент успеааја го пробијат полицискиот кордон и да влезат во холот на Парламентот, но беа одбиени со солзавец. Зградата ја чуваат стотици полициски специјалци, кои се обидуваат да ги спречат демонстрантите да упаднат во Парламентот.
Претседателот Вучиќ во обраќање вечерва рече дека состојбата со епидемијата е критична и најави заострување на мерките, меѓу кои и воведување на полициски час во земјата од петок до понеделник. Во Србија во изминатите 24 часа беа забележани 13 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата, а во изминатите денови бројот на новозаразени постојано расте.