Димитров се сретна со новата германска амбасадорка Анке Гизеле Холштајн

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров одржа средба со новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е.  Анке Гизеле Холштајн, која во оваа прилика ги предаде копиите на акредитивните писма.

 „Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување на позитивна одлука за започнување на преговори за членство во Европската Унија, во март ова година,“ рече Димитров.

Амбасадорката Холштајн ја повтори поддршката на Германија за реализација на нашите стратешки приоритети, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поврзан со закрепнување на земјите погодени од коронавирусот, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан.

 

Би можело да ве интересира

Поддршката за Мерц нагло паѓа: Две третини од Германците разочарани од владата

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

АфД го губи моментумот: Се топи довербата во десничарската партија

Кралот Чарлс: Подготвени сме да ја поддржиме Европа со Германија во услови на закана од руска агресија

Мерц: Не може да има „диктиран мир“ во Украина

Горан Наумовски

Несреќа во Минхен: Загинаа двајца државјани на БиХ

Горан Наумовски