(ВИДЕО) Николовски: Гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари вашите буџети

Од:

На 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите, изјави денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања на сите им го врати сеќавањето на она време кога, како што рече, граѓаните беа газени, уценувани, злоупотребувани.

– Време кое мислевме дека го оставивме зад нас. Разликата е јасна и огромна. Во две и пол години колку што имавме чест да ја водиме владата, покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ и ден денес покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, изјави Николовски при посетата на пехчевската компанија Дик фагус.

ВМРО-ДПМНЕ, истакна, 11 години, без срам манипулирале со најранливите категории. Политиката треба да им служи на граѓаните, а не тие на неа.

-Ги уценуваше за социјалната помош која ја држеше на мизерен минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори, а тие кои земаат социјална помош ги игнорираше. СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто! И воведе детски и образовен додаток. Тоа е грижа! Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!, рече Николовски.

Тој укажа дека актуената власт го решила проблемот со стечајците кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше и ги угнетуваше. Дванаесет илјади стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а следно, најави, ќе добијат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

-И во време на коронавирусот продолживме со концептот – парите назад кај граѓаните. Враќаме 28 милиони евра назад кај 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за домашен туризам. Го зголемуваме и опфатот на домашната платежна картичка. Затоа што сакаме да вратиме пари кај граѓаните и да ја рестартираме економијата. Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа. Ова е држава која е праведна за сите, нема веќе високи казни, огромни трошоци за нотари и за извршители. Има праведно општество! Сонувавме за тоа во времето на истото ВМРО кое сака да се врати! Трошоците за нотари извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме!, изјави Николовски.

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришани се, наведе, 10 милиони евра долгови на граѓаните, а казните се намалени и до 75 отсто, воведена е опомена пред казна.

-Сетете се како беше во 11-те години на ВМРО. Прво казна се добиваше, па после опомена. Фејк-њуз ВМРО се грижи само за обнова на режимот и обнова на грабежот кон граѓаните. Затоа, на 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите. Обнова на криминалот, обнова на режимот – нема да има! На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава, порача Николовски.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он