Украина одбележува 27 години од нуклеарната хаварија во Чернобил

Од:

Украинците денеска палеа свеќи и положуваа венци во знак на сеќавање на жртвите на најголемата нуклеарна катастрофа која се случи во Чернобил пред 27 години.

Експлозијата што се случи за време на тестирањето во раните утрински часови на 26 април 1986 година предизвика појава на радијација ширум Европа, а најмногу контаминирани беа Украина, Белорусија и Русија.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович истакна во соопштение дека сеќавањето на трагедијата повикува на единство и солидарност во напорите на владата и општеството да ги решат проблемите во примената на проекти за создавање еколошки безбеден систем во Чернобил.

Инженерите вложуваат огромни напори да ја завршат конструкцијата на новиот свод, започнат минатата година, а кој трајно ќе го обезбедува погодениот реактор.

Новиот заштитен свод од 20.000 тони опфаќа 257 метри и создаден е да трае цел век и содржи високотехнолошка опрема која овозможува сигурна деконтаминација внатре во уништениот реактор.

Се очекува новата градба да чини 990 милиони евра, а комплетното завршување на работите е планирано за октомври 2015 година.

Чернобил се наоѓа на околу сто километри од Киев, во близина на границата со Белорусија и со Русија.

За време на експлозијата, Украина беше во составот на Советскиот сојуз, чии тогашни власти наредија на илјадници луѓе да учествуваат во расчистувањето по катастрофата без соодветна заштита.

Во самата експлозија загинаа две лица, меѓутоа, Агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, соопшти дека 28 спасувачи починале од радијација во првите три месеци по експлозијата на реакторот.
Според официјалните украински податоци, над 25.000 лица кои учествувале во расчистувањето од Украина, Белорусија и Русија, починале по катастрофата.

Од озрачената територија се евакуирани над 100.000 лица, а радиоактивниот облак прекри во деновите по хаваријата значителен дел на Европа со несогледливи последици.

На радиоактивната прашина, покрај територијата на поранешниот Советски сојуз, се изложени и Полска, Бугарија, Германија, Шведска, Швајцарија, Белгија, Холандија, Велика Британија, Финска, поранешна Југославија, Романија, Австрија, а радиоактивната прашина го зафати и источниот дел на САД. Во извесна мера, речиси целата северна хемисфера ги почувствува последиците.

Подрачјето околу нуклеарката и натаму е многу контаминирано. Зоната на карантин е широка околу 50 километри е се уште радиоактивна, но наспроти тоа е во фокусот на туристичките водичи веќе неколку години.

Она што на туристите им е интересно е тоа што луѓето не го населуваат Чернобил веќе четврт век, па инфраструктурата, градбите и приватните домови се тотално препуштени на дивината.

И покрај поминатото време, оваа територија е се уште затруена. Водичите мора да носат Гајгерови броила за да обезбедат туристите да не дојдат во допир со преголема количина радијација додека се во опасната зона. Посетителите обично добиваат предупредување да не допираат ништо во околината, особено печурките кои растат во изобилство во овие предели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски