СДСМ: ВМРО е во паника од ревизијата за работењето на општина Центарж

Од:

СДСМ смета дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе неколку денови се најдобра потврда дека во партијата владее голема паника поради поразот кој власта го доживеа во Општина Центар.

„Ниту отчетните прес конференции што ги репризираат министерката за култура Канческа-Милевска и поранешниот градоначалник на Центар, Тодоровиќ, ниту нивните писмени реакции полни со гнев и закани, не можат да ја одвратат новата локална власт од намерата да направи ревизија, која ќе покаже како се трошеа парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години. Тоа ќе биде ставено на увид пред јавноста, без разлика колку му се допаѓа на Груевски или не“, соопшти СДСМ, одговарајќи на тој начин на реакцијата од партијата на власт.

Опозициската партија порача наместо секојдневно да вршат притисок врз исходот од ревизијата и да вршат притисок врз новиот градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ да се подготви за образложенија за сите валканици од нивното владеење, што, како што тврди, набргу ќе излезат на виделина.

Би можело да ве интересира

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски