А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – целосно е завршена инсталацијата за кислород во монтажната болница

by А1он07/07/2020 - 09:271286
Share0

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на ковид наесен во однос на болнички капацитети и преку организирање на системот на ротации на кадарот. Тој информираше дека целосно е завршена инсталацијата за централен довод на кислород во монтажната модуларна болница која има капацитет од 72 болнички легла и во која се планира да работи тим од Институтот за туберкулоза, како и дека завршена е постапката за нова модуларна амбуланта која ќе биде во близина на Клиниката за пулмологија и ќе служи за тријажа на пациенти.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Монтажната болница, сега е подготвена да прими пациенти. Нема потреба да се носат боци со кислород. Заврши и постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија со цел за да се направи уште еден центар за грижа на пациенти за следниот период, во близина на клиника кај што има експертиза во однос на белодробни заболувања. Поставувањето на новата монтажна амбуланта ќе биде со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно се одделат од сите други пациенти, па дури и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Со ова, ќе се растерети амбулантата којашто сега ја користат повеќе интернистички клиники, а каде што влегуваат и пациенти со белодробни заболувања. Ова е важно за наредниот период, а доаѓаат есенски месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања значајно се зголемува“, рече министерот Филипче и додаде дека со воа ќе имаме два центри во рамките на Клиничкиот центар, едниот блиску до Клиниката за пулмологија и модуларната болница до инфективната клиника.

Според сите анализи и предвидувања, тој потенцираше дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно се шири и нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории.

„Работиме на подготовка на капацитетите на есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на повеќе болници во изминатите денови, во Штип, во Охрид, во Битола. Разговараме и ги разгледуваме евентуално дополнителните капацитети кои би можеле да се користат како болнички. Има неколку студентски домови во Охрид и во Битола во кои може да се сместуваат пациенти, но тоа е прашање кое треба да се договори и со Министерството за образование и наука и зависи од тоа како тие капацитети ќе бидат исполнети со студенти. Во следниот период ќе имаме апсолутно целосно спремен план, дополнителни кревети кои би се користеле за капацитетите доколку се наметне потреба во есенските месеци, секако заедно со план за ротација на медицински персонал“, рече министерот Филипче.

Следете a1on на Youtube YouTube
koronavirus mkdmz

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он20/07/2026 - 18:2520/07/2026 - 20:19

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео