Шилегов вторпат негативен на коронавирус

Од:

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави вечерва дека го добил резултатите од вториот тест за коронавирус, кој е негативен, исто како и првиот што го направил вчера.

„И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме!,“ напиша Шилегов на својата страница на Фејсбук.

Шилегов објави дека е позитивен на коронавирус на 20 јуни, велејќи дека се заразил, иако ги почитувал сите заштитни мерки. По ова, скопскиот градоначалник беше во самоизолација, пред да ги направи двата теста кои потврдуваат дека ја победил инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски