Околу 5.000 лица кои се во самоизолација во домашни услови треба да се пријават за гласање

Од:

Нешто помалку од 5.000 луѓе се во изолација на домашно лекување и доколку сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, овие лица треба да се пријават на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопшти денес Министерот за здравство Венко Филипче, повикувајќи се на евиденцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ)

– Ние дадовме списоци на здравствени работници. По тројца во општина ќе бидат опредлени од ДИК за да го спроведат заедно со одборите ова гласање. Не известија од ДИК дека планираат симулација на процесот на денот на гласање во среда или четврток со членови на избирачки одбори, со претставници на набљудувачи од партиите како тоа би изгледало со сите заштитни превентивни средства согласно протоколот којшто го дадовме. Секако дека претставници на Комсијата за заразни болести биле на таа симулација, рече Филипче.

Согласно ревидираниот Роковник на ДИК рокот за пријавување на лицата со Ковид-19 и во самоизолација за гласање истекува на 8 јули на полноќ. Гласањето за оние што ќе се пријават ќе се одвива на 13 јули, а гласањето ќе го спроведат здравствени избирачки одбори односно Посебни избирачки одбори во кои членови се тројца здравствени работници и претставници на политичките партии. Лицата кои ќе добијат позитивен тест за Ковид-19 и ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да можат да се пријават и да гласаат на парламентарните избори.

Зборувајќи за трендовите забележани околу епидемијата и нејзиното влијание врз здравствениот систем, Филипче рече дека анализата на хоспитализирани и нивното доаѓање во болница упатува на заклучокот дека има еден добар процент пациенти со Ковид-19, кои доаѓаат во болница откако состојбата им е значително влошена.

„И најмало влошување треба да биде знак дека е потребна хоспитализација заради тоа што тоа е начинот на кој би се избегнале сериозни компликации и смртен исход,“ рече Филипче.

Тој посочи дека во изминатиот период целиот тим на Министерството за здравство и менаџерите на болниците биле посветени на менаџирање на капацитетите и ресурсите и организацијата на системот на ротација.

– Работиме на подготовка на капацитетите за есенскиот период. Во следниот период ќе имаме целосно подготвен план за тоа кои би биле дополнителни кревети кои би се користеле за сместување пациенти ако се наметне потреба во есенските месеци со план за ротација на медицински персонал. Изминатите денови имав средба со директори на болниците во Штип, Охрид и Битола и ги разгледуваме евентуално дополнителните капацитети кои би можеле да се користат како болнички. Има неколку студентски домови во Охрид, Битола, каде може да се сместуваат пациенти, но е прашање како тоа ќе се изменаџира во следниот период со Министерството за образование и како тие капацитети ќе бидат исполнети со студенти, рече Филипче.

Тој потенцира дека денеска се хоспитализирани 421 пациенти – позитивни и суспектни примени во изминатите 24 часа, а во однос на состојбата со болничките капацитети, истакна дека на Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти, на кислородна поддршка се 53 пациенти, а во Клиниката има 20-тина кревети кои се на располагање.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски