(ВИДЕО) Јанушев од Чешиново-Облешево: Наместо за земјоделците, Љупчо Николовски се грижи за личните интереси

Од:

На овие избори СДСМ сам ќе падне од власт, затоа што ништо не направија за граѓаните, ниту за земјоделството, а тоталното игнорирање, негрижата и незалагањето за земјоделците е одлика на оваа партија и на Љупчо Николовски, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Обнова на Макеоднија“ во третата изборна единица, Игор Јанушев при денешната посета на општина Чешиново-Облешево.

– Разговаравме со оризопроизводителите за нивните проблеми и она што го слушнавме е огромната запоставеност и негрижа што ја добиваат од оваа власт. Што друго може да очекуваат од човек како Николовски. Човек што само после година дена избега од министерството, и се сокри позади партиската функција. Нашите приоритети за третата изборна единица ќе бидат инвестициите во земјоделието за да имаме еден среќни и горди земјоделци кои ќе живеат еден нормален и достоинствен живот, истакна Јанушев.

Тој повика од СДСМ да посочат барем еден проект, не само во земјоделството, со кој што можат да се пофалат.

-Нека кажат нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го започнале. За жал, такво нешто не постои. Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек кој нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат, потенцираше Јанушев.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он