Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата.
Пред два дена францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс.
Макрон и Кастекс подоцна денеска ќе одржат состанок во Елисејската палата, на кој ќе разговараат за составот на новиот владин кабинет.
– Во оваа фаза е предвидена структура од околу 20 министри, а нивните заменици ќе бидат именувани подоцна, тврдат анонимните извори