Работник на ЕВН паднал од три ипол метри висока скала, со тешки повреди пренесен во штипската болница

Од:

Со тешки телесни повреди 45 – годишен светиниколчанец вработен во „ЕВН – Дистрибуција“ вчера бил пренесен во штипската болница откако паднал од скала висока три ипол  метри. Работел на трафостаница кај градските гробишта во Свети Николе

„ На 04.07.2020 во 09,45 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека Р.М.(45) од Свети Николе, вработен во „ЕВН-Дистрибуција“ -Скопје, вршејќи работни задачи на трафостаница кај градските гробишта во Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди така што паднал на бетонска подлога од скала од висина од три и пол метри. По настанот Р.М. бил пренесен  во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од  Полициска станица Свети Николе, а за настанот е запознаен јавен обвинител и државен трудов инспектор.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните