Одебележани 12 години од трагичното загинување на припадниците на АРМ кај Вејце

Од:

По повод одбележувањето на 12 години од трагичното загинување на припадниците на АРМ кај Вејце, полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денеска со пригодни активности им оддаде почит на четворицата поранешни припадници на пСО кои на 28-ми април во 2001 година ги загубија животите.

Во чест на загинатите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, на спомен обележјето пред баталјонот за специјални намени во касарната „Илинден“ во Скопје, венци со цвеќе положија делегации на МО и ГШ на АРМ предводени од началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, семејствата на загинатите припадници на пСО, делегации од пСО, единиците на АРМ кои се лоцирани во касарната „Илинден“, МВР и други.

Во текот на денот, на плоштадот во Македонска Каменица, пред спомен обележјето на Миле Јаневски и основното училиште кое го носи неговото име, припадниците на баталјонот за специјални намени од пСО ќе организираат тактичко-технички збор со приказ на дел од техниката и опремата со која располага единицата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

СВР Битола го одбележа денот на загинатите битолски полицајци во Вејце

24 години од масакрот кај Вејце

Горан Наумовски