Се санира споменикот на холандскиот писател А. Ден Долард во Охрид

Од:

Екипи на ЈП „ Нискоградба“ од Охрид денеска ќе ја започнат санацијата на спомен обележјето на холандскиот писател А. Ден Долард, кој важи за еден од најзначајните промотори на Македонија во неговата земја.

Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. Ден Долард преведена на македонски јазик, во која е опишана љубовната приказна помеѓу една млада охриѓанка и фотограф кој токму во Охрид ја пронашол љубовта на својот живот.

Ден Долард при честите посети во Охрид стекнал многу пријателства и познанства, а токму неговата воодушевеност од Охрид е причината за добрите македонско – холандски врски.

Голем дел од туристите од Холандија кои доаѓаат во Охрид, за градот слушнале единствено преку делата на Долард.

Споменикот беше откриен во 2006 година, а на свеченоста присуствуваа и потомците на А. Ден Долард од Холандија.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум