Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши пругата до Бугарија и ќе изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Куманово каде што оствари повеќе средби со граѓани, на кои, како што велат од партијата, заклучокот бил дека апсолутно секој еден граѓанин на своја кожа ги чувствува неправдите, сиромаштијата и немањето перспектива како резултат на владеењето на СДСМ.

Мисајловски истакна дека после 15 јули сето тоа станува минато бидејќи откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе создаде подобри услови за бизнисот за да може и работниците да добијат поголеми плати. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ветува ќе ги покачи платите за 25%, а пензиите за 20%, додека пак за вработување на млади лица до 29 години компаниите ќе бидат ослободени од давачки.

Тој додаде дека од акцизата која ја наметна СДСМ, новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 2,5 милијарди годишно за образованието, науката и спортот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се посвети на инфраструктурата, ќе се изградат над 1.000 километри патишта, ќе се изгради експресен пат од Куманово до Крива Паланка  и конечно ќе ја заврши пругата до соседна Бугарија.

– Ние нудиме решенија, целта е обновата да дојде во Македонија, обнова во инфраструктурата, во уметноста, во  спортот и насекаде во Македонија, нагласи Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Промоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија